Достапни линкови

Грција не сака референдум за името


Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду на средба во Брисел

Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду на средба во Брисел

,,Грција нема да се согласи евентуалниот договор за името да биде потврдуван на референдум,, соопшти портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Грегорис Делавекурас на вчерашниот брифинг во Атина. ,,Во врска со прашањето за референдум што беше поставено од властите во Скопје, а сега и од опозицијата, Грција сака конечен, дефинитивен договор за името. Ние зборуваме за име со географска одредница за севкупна употреба и тоа ќе мора да биде резултатот со кој Грција ќе се согласи,, изјави тој, додавајќи дека Грција е подговтвена да направи чекор кон постигнување договор. ,,Очекуваме раководството во Скопје по изборите да дојде на преговарачката маса со вистинска политичка волја, бидејќи веруваме дека многу бргу можеме да дојдеме до решение,, рече Делавекурас.
XS
SM
MD
LG