Достапни линкови

Заврши рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници


На полноќ истече рокот во кој политичките партии и независните кандидати требаше до Државната изборна комисија да ги поднесат кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори.
ДИК на 13 мај ќе организира жребување за утврдување на единствената листа на кандидати за избор на пратеници. Комисијата вчера објави дека до истекот на рокот за увид во Избирачкиот список, таа можност ја искористиле 16.727 граѓани. Истече и рокот за пријавување на иселениците за гласање на претстојните избори. Желбата да го дадат својот глас во дипломатско конзуларните претставништва на Македонија во странство изразиле 4.771 лице. За гласање во изборната единица 7 „Европа и Африка,, се пријавиле 2.901 лице, во изборна единица 8 „Северна и Јужна Америка,, 1.106 лица, а во изборната едниница 9 „Австралија и Азија,, 764.
XS
SM
MD
LG