Достапни линкови

logo-print

Ал Каеда планирала нови напади на САД за 11 септември


Остатоци од светскиот трговски центар урнат на 11 септември 2001

Остатоци од светскиот трговски центар урнат на 11 септември 2001

Претставници на американската влада велат дека информации пронајдени во скривалиштето на Осама бин Ладен во Пакистан, укажуваат на тоа дека Ал Каеда очигледно размислувала да се напаѓаат возови во Америка на 10-годишнината од нападите на 11 септември. Официјални лица изјавија дека некои докази укажуваат на тоа дека шефот на Ал Каеда или неговите
соработници биле ангажирани околу планирањето на
можен напад врз железничкиот сектор во САД. Но сепак американските претставници соопштуваат дека плановите не отишле подалеку од почетната фаза.
XS
SM
MD
LG