Достапни линкови

Конференција за медиумите од Западен Балкан во Брисел


Европската комисија денеска во Брисел организира конференција за проблемите со слободата на медиумите и изразувањето во земјите од Западен Балкан и Турција. На конференцијата ќе учествуваат преставници на ЕК и на медиумите од регионот, како и од некои земји членки на Унијата. Собирот е насловен „Преговори“, a се организира за да се нагласи клучната важност на слободата на изразување и на медиумите во Западeн Балкан и Турција. На конференцијата ќе учествуваат околу 400 преставници на медиумите од Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Косово, Србија и Турција, како и експерти за медиуми од европските земји.
XS
SM
MD
LG