Достапни линкови

Сирискиот режим подготвен за нова тура демонстрации


Сирискиот режим распоредува безбедносни сили во поголем дел од градовите во услови кога се очекуваат нови антивладини протести по петочната молитва. Според извештаите, воени единици се распоредени во крајбрежниот грaд Баниас , место во кое имаш нeмири. Безбедносните сили , вчера во Дамаск уапсиле повеќе од 200 луѓе, а иако војската почнала да се повлекува од градот Дера, сепак граѓаните тврдат дека тенковите и војниците се стационирани надвор од градот. Групите за човекови права влат дека повеќе од 550 цивили се убиени , а илјадници луѓе беа повредени или уапсени за време на
седумнеделнити демонстрации против претседателот Башар
ал-Асад. Режимот на ал Асад пак ги обвини "вооружените терористички
групи "за поттикнување на немирите и убиство на цивили и на
припадниците на безбедносните сили.
XS
SM
MD
LG