Достапни линкови

logo-print

Бугарија-оштетувања на нуклеарката Козлодуј


Бугарските стручњаци во текот на планското ремонтирање на петиот реактор во атомската централа Козлодуј открија напукнувања во пооделни заштини цевки, по што е одлучено да се заменат сите 61 заштитни цевки, соопштија од централата. Планирано е петиот реактор повторно да биде вклучен до почетокот на јуни, а сега со полн капацитет работи само шестиот блок на единствената бугарска нуклеарка. Бугарската атомска централа Козлодиј има шест реактори, но првите четири, со јачина од по 440 мегавати, се затворени од безбедносни причини непосредно пред влегувањето на земјата во ЕУ. Во функција се останати само петиот и шестиот реактор, со јачина од по 1.000 мегавати, кои се од поново руско производство, и за кои Европската комисија смета дека се безбедни.
XS
SM
MD
LG