Достапни линкови

Полесно ќе се следат артефактите украдени во Втората светска војна


Претставници на американскиот Државен архив велат дека сега е полесно од кога било да се следат уметничките дела и артефакти украдени од нацистите во Втората светска војна. Архивот, во соработка со 10 други архивски институции од седум земји, покрена онлајн база на податоци што овозможува пристап до дигитални записи од ограбените богатства. Многу од милионите уметнички дела и верски и историски артефакти што биле ограбени од нацистите никогаш не беа најдени и вратени на вистинските сопственици.
XS
SM
MD
LG