Достапни линкови

Германија- обвинет Германец со сириско потекло за тероризам


Од судењето на Рами Маканеси

Од судењето на Рами Маканеси

Германскиот државјанин со сириско потекло за кого се верува дека на германските разузнавачи им дал информации за можен терористички напад во земјата пред судот призна дека бил член на Ал Каеда. Неговиот адвокат соопшти дека Сириецот признал дека е член на Ал Каеда и дека бил обучуван во Пакистан. Обвинетиот Рами Маканеси беше уапсен во Пакистан во јуни по што беше екстрадиран во Германија. Обвинет е дека требало да се врати во Германија за да собира пари за Ал Каеда и да учествува во терористички операции во земјата. Пред една недела германската полиција уапси тројца луѓе за кои верува дека се членови на Ал Каеда што требало да извршат терористички напади во Германија.
XS
SM
MD
LG