Достапни линкови

Во Русија осудени 19 луѓе за расно мотивирани напади


Судот во Санкт Петерсбург осуди 19 членови на екстремна десничарска организација на затворски казни до 9 години за две убиства и серија на расно мотивирани напади. Водачот на организацијата добил 9 години затвор, додека другите членови се осудени на затворски казни до 7 години. Осудени се за 12 напади врз луѓе со „несловенски“ изглед меѓу кои и убиствата на еден Ерменец и еден Узбек. Напаѓачите снимале дел од нападите и ги објавувале на интернет.
XS
SM
MD
LG