Достапни линкови

logo-print

Амбасадорот Рикер ја доби наградата Наградата за водство


За посебни резултати и истакнато ангажирање во демократската консолидација и процесот на реформи во Македонија американскиот амбасадор Филип Рикер ја доби Наградата за водство за 2010 што ја доделува Институтот за демократија и развој во Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово. Рикер, кој е на крајот од својот тригодишен ангажман на функцијата амбасадор во Македонија, наградата ја посвети на својата сопруга и тимот на Амбасадата во Скопје. „Бев навистина изненаден и длабоко почестен кога бев информиран дека Комитетот ми ја доделил оваа важна награда. Ја посветувам на целиот тим од амбасадата во Скопје за вложените зеднички напори. Ова беа прекрасни три години и знам дека нашата Амбасада во Македонија ќе продолжи со работата како дел од нашите добри односи со Македонија работејќи на оставрување на заедничките цели за доброто на сите“ изјави Рикер
XS
SM
MD
LG