Достапни линкови

logo-print

Пакистанската армија се закани со ревидирање на соработката со САД


Пакистанската армија се закани со ревидирање на соработката со Соединетите американски држави, доколку се случат повеќе интервенции слични на онаа во која беше убиен лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен. Војската во земјата ги призна „пропустите“ во лоцирањето на најбараниот терорист во Светот и нареди истрага за случајот. Во меѓувреме, државниот секретар на САД Хилари Клинтон изјави дека односите со официјален Исламбад „не секогаш се лесни“ и дополни дека Пакистан е важен партнер во американските контратерористики напори. Претходно, пакистанскиот секретар за надворешни работи Салман Башир се закани дека нови американски интервенции би имале „катастрофални последици“, демантирајки ги сомнежите дека пакистанската разузнавачка служба соработува со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG