Достапни линкови

Кој одговара во случај на несреќа во детски парк? Дали има инспекциска служба која ја контролира исправноста на реквизите?

Ова и многу други прашања се наметнаа откако пред неколку дена петгодишно дете се здоби со фрактура на главата скокајќи на трамбулина во битолскиот забавен парк. До сега за слуачајот никој не сноси одговорност. За среќа, досега немало други повредени деца, но имало не сакани
Имам внуци и често ги носам во паркот, играат на играчките таму, но не сум задоволна зашто нема некое обезбедување барем колку толку да бидат заштитени децата.
ситуации да се блокира работата на одредени реквизити поради проблеми со струјното напојување и друго. Во забавниот парк во градот има повеќе вртелешки, балерини, гондоли, душеци за скокање и што уште не. Еве какви се впечатоците на посетителите во паркот.

„Имам внуци и често ги носам во паркот, играат на играчките таму, но не сум задоволна зашто нема некое обезбедување барем колку толку да бидат заштитени децата.“

„Различно е има и нови и стари играчки во паркот. Ама немам видено некоја табла да има некое ограничување од колку до колку години, децата од која возраст на кој реквизит можат да се забавуваат.“

Детска градинка во Туркменистан


Се обидовме да дознаеме кој е надлежен да врзши контрола врз реквизитите. Сопствениците не сакаат да зборуваат, а инспекторите се оградуваат.

„Реквизитите, справите кои се поставени таму не се општински, таму нема надлежност општина Битола. Ние веќе подолг период бараме фудбалското игралиште, спортската сала, ракометното игралиште, ДТВ Партизан и цел тој простор околу нив да се префрли на општината. Досега за жал не го имаме добиено и инспекциите тука немаат ингеренции“, вели градоначалникот Владимир Талески.
Реквизитите, справите кои се поставени таму не се општински, таму нема надлежност општина Битола.

Безбедноста на реквизитите не ја контролираат ниту инспекторите за безбедност при работа во рамките на трудовата инспекција. Во градот нема ни техничка инспекција која издава сертификати за безбедност и квалитет на одредени услуги, а таков инспектор по потреба доаѓа од Скопје.

Од правен аспект, адвокатите велат дека во случај на повреда на малолетник отштетата ја сноси сопственикот на паркот.

„Опасен предмет претставува секој недвижен или подвижен предмет кој во врска со неговото искористување може да предизвика штета. Искористувањето на тој предмет и штетите што настануваат ги сноси сопственикот. Отштета може да се бара по основ на вина и објективна одговорност. Сепак како имател на опасен предмет тој одговара за штетата без оглед на вината, значи и да не е виновен и да ја запазувал регуларноста, сепак малолетно дете има право на отштета“, вели адвокатот Вања Атанасов.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG