Достапни линкови

Пападополу: Туризмот треба да биде регионален проект


Туризмот треба да биде регионален проект што ќе се развива со меѓусебна соработка, особено на земјите од соседството, изјави попладнево грчката амбасадорка во Македонија Александра Пападополу. „Грција многу соработува на ова поле со Турција. Не гледам зошто тоа не би било случај и со другите соседни земји. Туризмот треба да го развиваме на поинаков нов начин, неизолирано, туку, напротив, треба да ги здружиме силите во регионот“ рече Пападополу. Пред студентите на Факултетот за туризам грчката амбасадорка рече дека ќе ги пренесе искуствата на нејзината земја во развојот на туризмот, можноста за уште поинтензивна соработка на ова поле со Македонија и ќе ги презентира туристичките капацитети што ги нуди Грција. Според неа, туризмот е една од позначајните стопански гранки зашто реализира значителен приход.
XS
SM
MD
LG