Достапни линкови

Турција исплатила 25 милиони евра поради непочитување на човековите права


Турција лани исплатила 25 милиони евра поради прекршување на на одредбите во Европската конвенција за човекови права соопшти денеска во Брисел претставник на Советот на Европа. Фредрик Сунберг, кој е задолжен за надгледување на почитувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, рече дека прекршоците на Турција биле во врска со лош третман на осомничени курдски сепаратисти. На второ и трето место по изречените казни се Романија и Русија. Романските власти исплатиле 7,4 милиони евра додека официјална Москва била казнета со 6 милиони евра.
XS
SM
MD
LG