Достапни линкови

Европски појадок во пресрет на Денот на Европа


Членството во ЕУ ќе значи придобивка за сите делови од општеството и заеднички и обединети треба да го дадеме својот придонес во исполнувањето на таа цел, за што бараме поддршка и од членките на Унијата, рече вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски на европскиот појадок, во пресрет на одбележувањето на денот на Европа на деветти мај. Евроамбасадорот Петер Соренсен ја поздрави иницијативата за одбележување на Денот на Европа во Македонија, што, вели, станува традиција. Порача дека и во овој предизборен период треба да продолжи евроагендата. „Јас и моите колеги сме овде за да покажеме дека европската агенда на земјата е важна и за нас, рече Соренсен“. Поддршка за македонската евроинтеграција и заложба за продолжување на евроагендата, искажа и амбасадорот на Унгарија Ференц Кекеши, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. „Не е важно дали се избори или не, работата треба да се заврши“ рече Кекеши. На Европскиот појадок присуствуваа повеќе странски амбасадори, претставници на Владата, на други државни институции, на верски заедници, на НВО секторот.
XS
SM
MD
LG