Достапни линкови

До вчера попладне само три илјади иселеници се пријавиле за гласање на изборите.

Истече рокот за пријавување на иселениците за избирачкиот список во изборните едници 7, 8 и 9. Од државната изборна комсија велат дека се уште
Овие избори нема да бидат добри избори, затоа што нашата дијаспора, нашите иселеници не беа навремено известени и опремени со
материјали.
немаат конечна информација колку од иселениците ќе можат да го искористат своето право на глас, затоа што се уште се обработуваат податоците.

Според последните податоци, до вчера попладне над три илјади македонски граѓани кои живеат надвор од земјава се пријавиле за да гласаат на предвремените парламентарни избори. Според она што го објавија дел од медумите речиси три илјади се од седмата изборна едниница односно од Европа и Африка додека во 8 и 9 изборна единица се пријавиле по петстотини гласачи. Претседателот на иселеничкото друшто „Матица на Ислениите“, Иван Џо Петрески вели дека е запрепастен од ваквите податоци.
Кој кандидат да се пријави? Илјада потписи да соберете во странство е многу тешко, скоро неизводливо. Јас предлагам да се поништат, да не се дозволи да се гласа сега во странство, да не се дозволи да се бираат пратеници, затоа што е неправилно.

„Овие избори нема да бидат добри избори, затоа што нашата дијаспора, нашите иселеници не беа навремено известени и опремени со материјали.“

Според проценките на иселеничките друштва, во светот има 400 илјади граѓани кои имаат право на глас.

Петрески вели дека вака несмасно изведенета процедура на правењето на изборните списоци во дијаспората и правилата за кандидирање на независен пратеник од дијаспората покажува само дека изборите ќе бидат непреведни.

„Кој кандидат да се пријави? Илјада потписи да соберете во странство е многу тешко, скоро неизводливо. Јас предлагам да се поништат, да не се дозволи да се гласа сега во странство, да не се дозволи да се бираат пратеници, затоа што е неправилно. Значи, мислам дека ќе бидат обесправени многу наши граѓани.“

Изборите ќе се сметаат за валидни доколку во секоја од изборните едниници во дијаспората излезат по 2 проценти од пријавените гласачи. Тоа значи дека за да бидат успешни изборите, во Америка и во Австралија ќе треба да излезат по најмалку 12 луѓе, додека во Европа на избори треба да излезат најмалку 36 луѓе. Теоретски е возможно кандидатите за претници од Америка и Автсралија да влезат во Парламентот со 7 освоени гласови.
Поради тоа што мал број луѓе се заинтересирани за гласање. Значи, треба да се подготви теренот малку повеќе, со повеќе време за да даде резултати.


Според сегашните проценки, државата ќе потроши околу 1,5 милиони евра од буџетот за гласањето во странство, односно, по околу 500-тини евра за гласач. Се уште не се знае точно колку од 48-те гласачки места во светот ќе бидат отворени, поради условот да има минимум десет пријавени гласачи.

Професорката Марија Зарензанкова Потевска вели дека брзото вклучување на дијаспората во овие избори нема да ги даде очекуваните резултати.

„Поради тоа што мал број луѓе се заинтересирани за гласање. Значи, треба да се подготви теренот малку повеќе, со повеќе време за да даде резултати. Како што стојат работите, од економски аспект нема да биде исплатливо, односно ќе биде многу скапо.“

Погледнете и коментирајте - што очекувате од политичарите? www.makdenes.org/content/article/3556264.html

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG