Достапни линкови

12 години затвор за бившиот прв полицаец на Египет



Поранешниот министер за внатрешни работи на Египет Хабиб Ал Адли, денеска во судот во Каиро е осуден на 12 години затвор поради корупција. Тој се соочува и со уште едно обвинение за издавање наредба за напад врз демонстрантите за време на неодамнешните протести во Египет. Тој е прв висок бивш функционер во Егеипет кој доби затворска казна, по соборувањето на претседателот Хосни Мубарак. Хабиб Ал Адли беше 20 години соработник на Мубарак, кој исто така е во затвор во болница во Шарм Ел Шеик.
XS
SM
MD
LG