Достапни линкови

Нетанјаху го осуди „палестинското помирување“


Бенјамин Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди новиот пакт меѓу водечките палестински фракции, велејќи дека нивното помирување ќе им зададе "огромен удар " на шансите за мир меѓу Израелците и Палестинците. Договорот за помирување на Фатах и Хамас беше потпишан вчера. За време на својата посета на Лондон, Нетанјаху помирувањето го оцени како удар врз мирот и победа на тероризмот. Тој изјави дека движење кое сака да стави крај на постоењето на Израел не може да биде партнер на еврејската држава, мислејќи притоа на Хамас.
XS
SM
MD
LG