Достапни линкови

logo-print

Нови обвиненија против поранешниот претседател на Тунис


Бен Али со сопругата Лејла

Бен Али со сопругата Лејла

Туниските власти поднесоа нови обвиненија против соборениот претседател Ал Абедин Бен Али и неговата сопруга, пренесува новинската агенција ТАП. Обвиненијата се поврзани со убиство на демонстранти од страна на безбедносните сили за време на бунтот што резултираше со соборување на Бен Али во јануари. Во соопштението на Министерството за правда се наведува дека Бен Али и неговата сопруга Лејла Трабелси се обвинети за "заговор против безбедноста на државата и поттикнување на неред, убиства и ограбување.“ Покрај најновите обвиненија, постојат уште 18 други поднесени од страна на туниските органи против Бен Али, кој избега заедно со голем дел од своето семејство во Саудиска Арабија на 14 јануари. Новите туниски власти бараат екстрадиција на сопругата на Бен Али од Саудиска Арабија.
XS
SM
MD
LG