Достапни линкови

Во Рим состанок за ситуацијата во Либија


Тренинг камп на либиските бунтовници

Тренинг камп на либиските бунтовници

Претставници на земјите кои учествуваат во меѓународната кампања против режимот на лидерот на Либија Моамер Гадафи треба да се состанат денеска во Италија за да разговараат како да им помогнат на бунтовниците кои се борат да го симнат од власт Гадафи. На состанокот во Рим се очекува да присуствуваат министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Италија и САД, како и претставници на Катар, Арапската лига и Африканската унија. Се очекува дека состанокот ќе резултира со нова финансиска помош за бунтовниците. Новинската агенција Ројтерс цитира изјава на потпаролот на таканаречениот Транзициски Совет Махмуд Шамам кој вели дека на бунтовниците итно им се потребни 1,5 милијарди долари за храна и лекови за да продолжат со кампањата и во наредните неколку недели.
XS
SM
MD
LG