Достапни линкови

Почнува судењето на воен злосторник од Втора Светска Војна


Еден од последните живи најбарани воени злосторници од Втората Светска Војна Шандор Кепиро треба да се појави денеска во судница во Будимпешта. Кепиро е 97- годишен поранешен унгарски жандарм кој е обвинет за учество во масакрот во Нови Сад во јануари 1942 година при кој се убиени над 1200 цивили. Тој конкретно е осомничен за вмешаност во убиство на над 30 српски и еврејски цивили. Ловецот на нацисти Ефраим Зуроф соопшти во 2006-та година дека открил оти Кепиро се вратил во Унгарија по децении поминати во Јужна Америка.
XS
SM
MD
LG