Достапни линкови

Времето денеска ветровито со повремен дожд


Времето денеска ќе биде ветровито со умерен повремено и засилен ветер од северен правец особено долж Повардарието. Во претпладневните часови во јужните делови од земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Утринската температура е меѓу шест и 12, а дневната ќе биде од 13 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито. Попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 17 степени.
XS
SM
MD
LG