Достапни линкови

Фестивал на монодрама во Битола


Монодрамата „Таа“ во изведба на Оливера Аризанова од Центарот за култура во Струмица една од претставите кои конкурираат за награда
Монодрамата „Таа“ во изведба на Оливера Аризанова од Центарот за култура во Струмица една од претставите кои конкурираат за награда

Со 12 проекти во официјална конкуренција, од 4 до 8 мај, во Битола ќе се одржи 13-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата.

Питер Тејт од Велика Британија, Ана Власов од Израел, Николај Урумов од Бугарија, Егзит театар и Рене Медвешек од Хрватска се само некои од актерите кои со своите креации ќе се обидат да го предизвикаат вниманието на публиката на актуелното 13-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, единствен од тој вид кај нас, што во претстојниве четири дена се одржува на сцената на Центарот за
Со самото тоа што е Меѓународен фестивал во основа е промотивен, како за земјите кои што доаѓаат и нивните претставници, така и за Македонија како домаќин на една многу специфична театарска форма.
култура во Битола. Во конкуренција за награди, Гран при за најдобра претстава, за најдобар актер, режија и награда од публиката, ќе бидат прикажани 12 проекти од 10 земји од светот, а Бранко Ѓорчев, претседателот на меѓународното жири на манифестацијата истакнува дека ова културно случување е промоција не само на оваа специфична театарска форма туку и воопшто на нашата култура.

„Со самото тоа што е Меѓународен фестивал, во основа е промотивен, како за земјите кои што доаѓаат и нивните претставници, така и за Македонија како домаќин на една многу специфична театарска форма.“

Сашо Тасевски во монодрамата „Човекот од собата број 7“

Од Македонија во конкуренција за награди се три монодрами – „Таа“ во изведба на Оливера Аризанова од Центарот за култура во Струмица, „Јас, Илија Димовски Шаторо“, која ја игра Трајче Ивановски од Прилеп и „Човекот од собата број 7“ на Сашо Тасевски од Градскиот театар МКЦ-Скопје.

Тој откако ќе забележи дека монодрамата е голем предизвик за секој актер на кој по некое непишано правило му се приоѓа некаде пред крајот на кариерата кога уметникот ќе се почувствува доволно силен за да го поднесе притисок што го бара оваа форма, дополнува дека:

„Кога дојде го прифатив тоа како предизвик и мислам дека завршивме добра работа.“

Инаку, долга е листата на македонски актери кои во годиниве наназад многу инспиративно и моќно и се претставувале на публиката посегајќи токму по
За жал не се прибегнува кон овој род често. Имам впечаток дека актерите како да се потплашуваат од можниот кикс.
монодрамата како веројатно најтешката сценска форма во театарот. Од оние кои оставиле посебен белег на сцената се издвојуваат Јоана Поповска со својата Велика од Пиреј, Мите Грозданов со осумте проекти од кои секако најпознати му се „Чумурџијата“ и „Итар Пејо дошол од кај умрените“, Владимир Светиев со „Дневникот на лудиот“, Бајруш Мјаку со истиот текст, Димитар Зози, Петар Темелковски со над 100 изведби на неговиот Филип, Игор Џамбазов со своите 14 лика од Детски работи, Ѓорѓи Јолевски, Драган Спасов и други.

Сепак и покрај богатата традиција, новинарот и театарски критичар Борче Грозданов Пандур забележува дека глумците кај нас се поретко посегаат по овој креативен актерски чин.

„За жал не се прибегнува кон овој род често. Имам впечаток дека актерите како да се потплашуваат од можниот кикс.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG