Достапни линкови

Расте бројот на Македонци кои шверцаат кокаин и хероин, констатира Европол


Забележан е значителен пораст на инволвираноста на македонските граѓани во шверцот со хероин и кокаин, пишува во извештајот на Европската полициска агенција Европол насловен „Оцена на опасноста од организираниот криминал“. Во документот се констатира дека повеќенационалните групи собрани на етничка основа посебно се концентрирани на подрачјето на Косово, Македонија и Албанија. „Албанските говорни групи во ЕУ се вклучени во илегална трговија со кокаин, хероин, вештачки дроги и марихуана“ се наведува во извештајот. Инаку, европската организација предупреди дека криминалните групи на Балканот и во источна Европа може да го злоупотребат евентуалното приклулучување на Бугарија и Романија во Шенген зоната.
XS
SM
MD
LG