Достапни линкови

Минимален минималец


Стопанствениците го поддржуваат предлогот за минимална плата, но не и износот кој го предлага Синдикатот
Стопанствениците го поддржуваат предлогот за минимална плата, но не и износот кој го предлага Синдикатот

Работниците ја прифаќаат идејата, но сметаат дека 160 евра за минимална плата се малку.

Работниците ја прифаќаат идејата за минимална плата, која повторно се актуализираше минатите денови, но велат дека таа треба да биде поголема од предложените 150 евра.

„Треба да има минимална плата, ама таа треба да биде над 200-300 евра, затоа што луѓето, по медиумите како што слушам, дека секој втор гладува и тоа е катастрофално.“
Треба да има, но 200 евра. Всушност нас многу ни треба, но таков ни е системот што овој народ и со 200 евра минимално, барем некаков ред да има.

„Треба да има, но 200 евра. Всушност нас многу ни треба, но таков ни е системот што овој народ и со 200 евра минимално, барем некаков ред да има, ама ова нема, некој малку има, некој многу има, а некој па воопшто нема.“

„Па треба да има повеќе сите сакаат убаво да живеат, најмалку 500 евра треба да има за плата.“

„200 евра само за сметки треба.“

„Ако има закон, ако има душа владата, ако има слух, би требало да има.“

Иако идејата за утврдување на минималец е многу стара, досега низа причини го одложувале нејзиното регулирање. Немало дијалог меѓу
200 евра само за сметки треба.
социјалните партнери, немање пари, економска криза, немање волја да се постигне договор. Во 1992 година ССМ, Стопанската комора и Владата на премиерот Никола Кљусев го потпишаа Општиот колективен договор и ја утврдија најниска плата во износ од 350 германски марки. По истекот на двете години, колку што беше важноста на договорот, до денес, најниската плата на национално ниво, не е утврдена.

Првиот синдикалец Живко Митревски вели дека барањето за утврдување
Ако има закон, ако има душа владата, ако има слух, би требало да има.
на минималната плата ќе го достават веднаш по формирањето на нова Влада.

„Нашата идеја е дека сепак дојде времето, со оглед и на опкружувањето што е присутно околу поранешните југословенски републики, а скоро и две третини од земјите од ЕУ имаат утврдено минимална плата, така што сметаме дека треба да се утврди минимална плата и во Република Македонија.“

Што попрво со 160 евра?

Синдикатот бара минималецот да изнесува 160 евра. Во 2007 ССМ предложи до Владата минимална плата да изнесува 6.150 денари, што не беше прифатено од работодавачите, а Владата молчеше. Истата година имаше и еден предлог на СДСМ за утврдување минималец од 8.100 денари, што во ССМ го оценија како политички маркетинг, бидејќи додека таа партија била на власт, останала глува на барањата за минимална плата. Истата година и Конфедерацијата на слободни синдикати организираше петиција за собирање потписи за дефинирање на
Дојде времето, со оглед и на опкружувањето што е присутно околу поранешните југословенски републики, а скоро и две третини од земјите од ЕУ имаат утврдено минимална плата, така што сметаме дека треба да се утврди минимална плата и во Македонија.
минималец. Тогаш се собраа 60 илјади потписи, но и овој обид остана без резултати.

Стопанствениците го поддржуваат предлогот за минимална плата, но не и износот кој го предлага Синдикатот. Белинда Николовска, генерален секретар на Организацијата на работодавачи на Македонија, вели дека мора многу да се внимава при дефинирање на минималецот.

„Има одредени модели врз основа на кои се утврдуваат, се пресметуваат тие миминални плати. Еве на пример холандскиот пример, каде миминалната плата на ниво на земјата е утврдена врз основа на пресметката од три износи од социјалната помош. Доколку го прифатиме тој модел овде во Македонија, тогаш можеби би било прифатливо.“

Минималната палта ги активираше и партиите. И тие предизборно со свои идеи. СДСМ побара таа да не биде пониска од 9.000 денари. На што од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека Социјалдемократите само ги копираат нивните идеи.

Во ЕУ, 20 од 27 земји имаат донесено закон, а во останатите, долната граница на платите се регулира со колективни договори. Минималната плата на работникот треба да му осигура соодветна социјална сигурност и животен стандард врз основа на неговиот труд. Таа обично се утврдува во зависност од нивото на платите и економската моќ на државата, како и од потребите на работникот да може да го обезбеди својот опстанок.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG