Достапни линкови

Најавен прекин на воената интервенција во југот на Сирија


Сиријската влада соопшти дека ќе ги прекине воените операции во градот Дера во југот на земјата, каде почнаа првите анти-владини протести во март. Претседателот Башар ал Асад за весникот „Ал Ватан“ изјавил дека воената интервенција „наскоро ќе заврши“. Најавата на шефот на државата следи откако властите уапсија илјадници лица низ целата земја. Во изминативе десет дена повеќе од 50 лица загинале во населеното место, а војската го има блокирано градот и ги има прекинато телефонските врски.
XS
SM
MD
LG