Достапни линкови

Фекалии од канализација во Куманово


Улицата „Пелинска“ во центарот на Куманово

Улицата „Пелинска“ во центарот на Куманово

Околу 200 жители на Улицата „Пелинска“ и околу неа во центарот на Куманово, веќе десетина денови се соочуваат со проблемот на излеани фекалии.

Насекаде се шири неподнослива реа, а населението бара помош од надлежните кои ги обвинува дека не само што несериоозно се зафатиле со отстранување на дефектот, туку според граѓаните, тие се виновни за настанатиот проблем, со постојани ископувања. Сепак, не ја исклучуваат ниту неодговорноста на некои од жителите на оваа улица.
Изметот тече повеќе од една недела. Ќе дојдат,ќе покопаат малку и ќе си заминат. Од оваа смрдеа не се живее ни внатре, ниту пак може прозорец да се отвори.

Виктор Божиновски, директор на „Водовод“, локалното комунално претпријатие надлежно за надминување на ваквите проблеми, вели дека екипите работат на теренот.

„До крајот на оваа седмица дефектот ќе биде отстранет, а проблемот е во тоа што пред половина век, кога била градена канализационата мрежа, канализационите цевки не биле поставени правилно“, изјави Божиновски.

А жителите кои живеат во овој дел од градот револтирано реагираат.

Жителите се жалат на неподносливата смрдеа

„Изметот тече повеќе од една недела. Ќе дојдат, ќе покопаат малку и ќе си заминат. Од оваа смрдеа не се живее ни внатре, ниту пак може прозорец да се отвори. Кога ќе се исуши ветер ќе дувне, валканоста од изметот, се шири насекаде. Пред четири денови ставија една цевка и си заминаа.“

Жителите се жалат дека дупките на асфалтот во кои подолг период се собира атмосферска вода, сега се полнат и со фекалиите.
До крајот на оваа седмица дефектот ќе биде отстранет, а проблемот е во тоа што пред половина век кога била градена канализационата мрежа канализационите цевки не биле поставени правилно.

„Ние се жалевме, а еднаш дојде и полиција не прашува кои сме ние. Гледајте што е направено.“

РСЕ: Пријавивте ли во комунална инспекција?
„Знае инспекција. Повикана е, ама никој ништо не презема. Тоа е проблем.Треба да дојде и комунален инспектор. Цел град нека види што се работи. А градоначалникот кога го биравме рече дека ова е само 50 метри и дека ќе го направат, а пред негова зграда направил авионска писта, шеталиште. Срамота за градот.“

Оштетените жители велат дека котларата за парно затоплување, во зградата во која живеат 44 семејства, е поплавена е од излеаните фекалии, поради што најверојатно ќе настанат дефекти кои самите ќе треба да си ги плаќаат и да ја вратат во исправна состојба.
По излевањето на фекалиите, минувачите кои патот ги води токму преку оваа маала по фреквентната улица, непријатната миризба ги враќа и тие колку можат ја заобиколуваат.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG