Достапни линкови

Милитант на Ал Каеда убиен во Чеченија


Рускиот национален анти-терористички комитет соопшти дека безбедносните сили убиле високонрангиран минитант на Ал Каеда во Чеченија, кој координирал напади во Северен Кавказ. Милитантот Доџер Севдет од турска националност бил „пратеник на Ал Каеда во Северен Кавказ“ се наведува во соопштението на интернет страницата на државната организација. Во дописот се додава дека Севдет пристигнал во земјата во 1991 година и бил инволвиран во планирањето на многубројни терористички акти врз припадници на безбедносните сили.
XS
SM
MD
LG