Достапни линкови

Европските земји размислуваат за укинување на безвизниот режим за Србија?


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека постојат информации дека некои земји-членки на Европската унија, како Белгија побарале да се разгледа прашањето за суспензија на визната либерализација за Србија, ако и понатаму продолжи да расте бројот на лажни азиланти. Дачиќ по средбата со амбасадорите на државите од ЕУ, од САД, од Кина и од Русија рече дека „минатата година најголем број српски лажни азиланти забележан е во Шведска, во Германија и во Белгија, а последните месеци и во Луксембург“. Тој истакна дека добил итен повик од Луксембург утре да ја посети земјата.
XS
SM
MD
LG