Достапни линкови

Јанукович демантира дека власта врши притисок врз медиумите


Виктор Јанукович

Виктор Јанукович

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска ги отфрли домашните и меѓународните обвинувања за лансирање на кампања преку која би се контролирале медиумите. „Кажете ми каде гледате владин притисок врз вас? Доколку се случува такво нешто, ќе превземеме соодветни мерки“ изјави Јанукович. Станува збор за прва јавна реакција на шефот на државата по објавувањето на годишниот извештај на Националната унија на новинари во Украина, во кој Јанукович е прогласен за „Непријател број еден на медиумите“.
XS
SM
MD
LG