Достапни линкови

Ахмети и Тачи се договорија за фер и демократски избори


Лидерите на двете најголеми партии на Албанците во Македонија, Демократската унија за интеграција и Демократската партија на Албанците, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска потпишаа договор за Изборен пакт во пресрет на предвремените парламентарни избори на 5 јуни. Тие се заложија за слободни, фер и демократски избори. Изборниот пакт е инициран од албанскиот амбасадор во Македонија, а поддржан од американскиот амбасадор Филип Рикер и евроамбасадорот Питер Соренсен. Партиите со договорот се заложија дека ќе се ангажираат за слободни, фер и чесни избори и оти ќе им ја гарантираат политичката волја на граѓаните. Амбасадорите на САД Филип Рикер и на ЕУ Петер Соренсен, кои присуствуваа на потпишувањето на договорот, го оценија како позитивен чекор за одржување фер и демократски избори. „Тие покажаа лидерство што е важно за демократијата, за земјата да може да чекори напред. Двајцата лидери веруваме дека сфатија дека фер и демократски избори се иднината на земјата и оти двајцата ги ставија зад себе политичките разлики за да се обединат за изборите“ рече Рикер. Евроамбасадорот Соренсен истакна дека потпишаниот договор е добра обврска за фер избори.
XS
SM
MD
LG