Достапни линкови

Хашкиот трибунал го одби барањето на Шешељ за ослободување


Воислав Шешељ

Воислав Шешељ

Судскиот совет на Хашкиот трибунал денеска го одби барањето на лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ да биде ослободен. Советот одби да го прекине судскиот процес против Шешељ и да го ослободи, со образложение дека Обвинителството досега изнело доволно докази во процесот. „Во овој стадиум постојат доволно доказни предмети за осуда поради поттикнување на сите злосторства кои се наведени во обвинението“ изјави претседавачот со судскиот совет Жан Клод Антонети. Во историјата на Трибуналот досега не се прифатени ослободителни барања на обвинетите.
XS
SM
MD
LG