Достапни линкови

logo-print

До ДИК пристигнати околу 1.900 пријави за гласање на иселениците


Според податоци на Државната изборна комисија, до вчера попладне за гласање од странство биле потврдени пријави на 1.554 македонски граѓани. Рокот за пријавување за гласање на македонската дијаспора за претстојните предвремени парламентарни избори истекува ноќеска на полноќ. Во меѓувреме, до ДИК се пристигнати уште околу 300 пријави, а тој број се очекува да се зголеми до истекот на рокот ноќеска на полноќ. Сите македонски граѓани чии пријави ќе бидат потврдедени од ДИК ќе можат да го остварат своето право на глас на 4-ти јуни, ден порано од денот на изборите во земјава, во предвидените макеоднски дипломатско-конзуларни претставништва во странство.
XS
SM
MD
LG