Достапни линкови

Инцко ќе ја поништи одлуката за референдум во Република Српска


Валентин Инцко

Валентин Инцко

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна, Валентин Инцко објави дека ќе ја поништи одлуката на босанските Срби да организираат референдум во Република Српска. Парламентот на 13 април предложи референдум за прашањето дали босанските Срби да продолжат да соработуваат со босанскиот суд за воени злосторства од времето на војната во Босна. „Има две можности. Или парламентот на Република Српска да ја анулира сам одлуката, или тоа ќе биде направено од високиот претставник“ изјави Инцко.
XS
SM
MD
LG