Достапни линкови

Џилани: борбата против екстремизмот не е обврска на една нација


Јосуф Раза Џилани

Јосуф Раза Џилани

Премиерот на Пакистан Јосуф Раза Џилани денеска изјави дека шпиунските агенции низ целиот свет, вклучувајки ги и Соединетите американски држави, ја споделуваат вината за неуспехот во пронаоѓањето на Осама бин Ладен. Џилани, за време на официјалната посета во Париз, рече дека „безбедноста и борбата против екстремизмот не се обврска на само една нација“. Неговата изјава следи по тензиите меѓу Пакистан и Соединетите американски држави кои се создаваат поради скептицизам околу тоа дека бин Ладен не бил пронајден со години додека се криел во Пакистан. Француските власти сметаат дека тешко е да се поверува на тврдењата дека пакистанските власти не знаеле каде живеел лидерот на Ал Каеда. Од Авганистанското министерство за одбрана соопштија дека пакистанската тајна агенција, попозната како ИСИ, требала да знае дека Осама бин Ладен се криел во близина на главниот град на земјата.
XS
SM
MD
LG