Достапни линкови

Фатах и Хамас се помируваат, Израел се буни


Палестинскиот претседател Махмуд Абас и лидерот на Хамас Калед Мешал присуствуваат на церемонија во Каироза формализирање на договорот за помирување, со кој се очекува подобрување на односите меѓу Фатах и Хамас, двете најголеми палестински фракции. Абас изјави дека Фатах и Хамас одлучиле „да ја свртат странцата на поделби засекогаш“. Двете фракции на кратко се одвоиа во 2007 година кога Хамас ја превзема контролата во појасот Газа. Израел се буни против договорот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Фатах мора да избере, дали ќе постигне договор со Хамас или со Израел. Абас, од друга страна, изјави дека Нетанјаху мора да избере, „дали ќе гради (еврејски) населби или мир“.
XS
SM
MD
LG