Достапни линкови

logo-print

Еуропол предупредува на можни ризици од визната либерализација


Полициската агенција на Европската унија соопшти дека укинувањето на визите за балканските и источноевропските земји, како и вклучувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната, може да биде искористено од криминални банди. Еуропол, во извештајот за организиран криминал, предупредува дека групи од Турција, Балканот и поранешниот советски блок „би можеле да го експлоатираат можното приклулчување на Романија и Бугарија во Шенген зоната“. Визните олеснувања за Русија и Грузија исто така се споменуваат во извештајот на организацијата со седиште во Хаг.
XS
SM
MD
LG