Достапни линкови

Македонија ги одбележува 108 те години од смрта на Делчев


На гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје претпладнето беа одбележани 108 години од неговата смрт со молитва за покој на неговата душа и за сите што во илинденскиот период ги дале животите за слобода. Гробот на Гоце го посетија делегации на Владата и на Собранието како и на други државни и партиски делегации
Во зачуваните писма Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население:
„Успехот на борбата ќе дојде со планомерна работа со која ќе им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи, Арнаути. Ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во животот и, тогаш, тие добороволно ќе ни подадат братски рака, здружно ќе ја продолжиме сестраната борба. Јас така и го разбирам светот: како поле за културно натпреварување на народите“.
XS
SM
MD
LG