Достапни линкови

Хашкиот Трибунал решава дали Шешељ ќе биде ослободен


Воислав Шешељ во Судот во Хаг

Воислав Шешељ во Судот во Хаг

Судскиот совет на Хашкиот трибунал денеска одлучува за барањето на Воислав Шешељ да се прекине судењето и лидерот на Српската радикална партија да биде ослободен.
Во историјата на тој трибунал досега не биле прифаќани такви барања на обвинетите.
Во расправата од 9 март Шешељ побара отштета од 10 милиони евра и го повтори своето барање Советот да донесе пресуда за ослободување откако според него, Обвинителството ништо не докажало против него.
Во таква ситуација членовите на судскиот совет проценуваат дали обвинителите понудиле доволно докази против Шешељ по сите наводи од обвинението или поради недостиг од докази го отфрлаат целото обвинение или делови од него. Шешељ се наоѓа во притворот во Хаг од февруари 2003 година кога доброволно се предаде.
XS
SM
MD
LG