Достапни линкови

logo-print

Француска подршка за Македонија во борбата против трговија со луѓе


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и францсускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже, денеска во СВР Тетово ќе ја потпишат Конвенцијата за заедничка соработка во рамки на регионалните напори во борбата против трговијата со луѓе.
Конвенцијата предвидува со француска материјална и техничко-едукативна поддршка да се опреми специјално наменет простор во СВР Тетово за водење разговори и сослушување на жртвите на трговијата со луѓе.
Во рамките на билатералната соработка од страна на француски полициски експерти ќе бидат организирани обуки на полициски службеници задолжени за оваа работа.
XS
SM
MD
LG