Достапни линкови

logo-print

Предлог за реформи на шенгенскиот простор


Европскиот комесар за внатрешни прашања Сесилија Малмстрем денеска во Брисел ќе го претстави предлогот за реформи на шенгенскиот простор. Се очекува Европската комисија да предложи поголема флексибилност на повторното воведување на контрола на границите во шенгенскиот простор, под притисок на Франција и Италија, кои се загрижени поради доаѓањето на илјадници мигранти од Тунис.
Привременото повторно воспоставување контрола на државните граници е една од можностите за вонредни прилики, истакна деновиве претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо во писмото упатено до Париз и Рим.
XS
SM
MD
LG