Достапни линкови

Русија бара гаранции од САД за антиракетниот штит


Русија побара законски гаранции од САД во врска со спогодбата со Романија за поставување на елементи на американскиот антиракетен одбранбен систем во таа земја. Во оваа ситуација неопходно е да се добијат гаранции од Вашингтон дека тој систем нема да биде насочен против стратегиските нуклеарни сили на Русија, соопшти руското министерство за надворешни работи. Тоа прашање треба брзо да се реши и неопходно е да се постигне договор за концепцијата и структурата на европскиот антиракетен штит, вклучувајќи го тука и ставот за неговото влијание врз светската и регионалната безбедност, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG