Достапни линкови

logo-print

Церемонија за помирувањето на Хамас и Фатах


Денеска во Каиро ќе се одржи свеченост со која ќе се одбележи спогодбата за помирување на палестинските движења Хамас и Фатах. На церемонијата ќе присуствуваат палестинскиот претседател и шеф на Фатах Махмуд Абас, првиот човек на исламистичкото движење Хамас, Калед Месал и шефот на Арапската лига Амр Муса.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера, по средбата со меѓународниот пратеник за Блискиот исток Тони Блер, го повика палестинскиот претседател Абас да се откаже од договорот за помирување и да го избере патот за мир со Израел.
XS
SM
MD
LG