Достапни линкови

logo-print

Во минатата година во светот загинале 101 новинар


Во 2010 година во светот загинале 101 новинар, од кои повеќе од третина во Азија, соопшти Меѓународниот институт за печат. Во Азија загинале 40 новинари, а само во Пакистан 15, се наведува во соопштението на Институтот. На второто место се Јужна и Северна Америка, каде што животот го загубиле 32-јца новинари. Од 1990-та, кога почнаа да се следат овие податоци, 2010-та била втора најсмртоносна година за новинарите. Најлоша била 2009-та, кога загинале 110 претставници на медиумите.
XS
SM
MD
LG