Достапни линкови

logo-print

Барселона прв финалист на Лигата на шампиони


Фудбалерите на Барселона се пласираа во финалето на Лигата на шампиони што ќе се одигра на 28 мај во Лондон. Тие синоќа во реваншот ремизираа со Реал Мадрид 1:1, но поради победата во првиот натпревар со 2:0, одат натаму. Поведе Барселона со голот на Педро во 54-та, а изедначи Марсело во 64-та минута.
Вечер ќе се добие и противникот на Каталонците во финалето. Манчестер Јунајтед на домашен терен ќе ја брани предноста од првиот натпревар против Шалке од 2:0.
XS
SM
MD
LG