Достапни линкови

Проблеми со детските одморалишта


Детското одморалиште „Мајски цвет“ во центарот на Струга, едно од ретките што успешно функционира
Детското одморалиште „Мајски цвет“ во центарот на Струга, едно од ретките што успешно функционира

Додека детските одморалишта во сопственост на државата пропаѓаат, пет од нив кои работат самостојно, успешно функционираат. Таков пример е и одморалиштето „Мајски цвет“ од Струга.

За разлика од повеќето поранешни детски одморалишта во земјава кои оштетени и целосно руинирани пропаѓаат под забот на времето, петте кои работат самостојно, надвор од државната капа на Mинистерството за труд во чии рамки порано функционирале, се уште се одржуваат добро и домаќински управувани и во ова тешко време на беспарица ги примаат најмладите гости. Едно од нив е некогашното 25-ти мај, сега „Мајски цвет“, на брегот на
Сите вработени, водиме посебна грижа да се сочува објектот кој се користи за настава во природа, претежно за екскурзии, летување на деца од Македонија и од странство.
Охридското Езеро во центарот на Струга, изградено пред 33 години како објект со 4 павилјони и капацитет за сместување на 400 деца, што сега е преполовен на 200 кревети, откако во другата половина Министерството за образование ги смести дисперзираните студии на трите државни универзитетите.

„Во 2006 година со одлука на владата детското одморалиште им беше дадено на вработените, кои се затекнаа тогаш, па формиравме своја фирма и го користиме објектот со договор за закуп на 20 години. Од 2006 година, државата не отстрани од буџетот и ние почнавме сами да функционираме и веќе пет години успешно работиме. За жал, во меѓувреме се случија некои проблеми со Министерството за труд и социјална политика, сакаа да ни го раскинат договорот за концесија, така да пред две години без наше знаење, објектот со одлука на влада е пренаменет и даден на министерството за образование“, вели Јован Паскоски, што со рекреативниот центар за деца и младинци управува три децении.

Тој објаснува дека се води судски спор за објектот. И покрај проблемите, во добро сочуваните соби и надворешност на одморалиштето, што со кујната, ресторанот и греењеето работи цела година, во прекрасниот прироредн амбиент, децата од 7 до 15 години овде доаѓаат од пролет до есен.
За жал, во меѓувреме се случија некои проблеми со министерството за труд и социјална политика, сакаа да ни го раскинат договорот за
концесија.

„Сите вработени, водиме посебна грижа да се сочува објектот кој се користи за настава во природа, претежно за екскурзии, летување на деца од Македонија и од странство. Објектот е познат во Русија, Украина, Белорусија и во Англија, Германија, Холандија, од каде доаѓаат тука деца на одмор и рекреација. и на фестивали. Тука организираме меѓународен фестивал за деца, кој е многу убаво организиран, кој секоја година традиционално се одржува кај нас.“

Директорот Паскоски додава дека родителите, престојот на децата кај нив, го плаќаат одложено, а тие се снаоѓаат за нивните обврски.

Сезоната во „Мајски цвет“ започна со гости од Бугарија пред, а по Први мај со деца на настава во природа од државава кои ќе го исполнат одморалиштето до крајот на месецов, по што ќе има ученички екскурзии, а за летово во одморалиштето се најавени летувалци и спортски екипи од земјава и регионов.
XS
SM
MD
LG