Достапни линкови

И СДСМ планира референдум за името


Референдум за името и во програмата на СДСМ. Во нивната предизборна програма се вели дека новата Влада „ќе вложи силни напори за консензус меѓу релевантните политички субјекти“.

„Новата Влада прашањето за надминување на наметнатиот спор со Грција ќе го консултира со граѓаните преку референдум. Идентитетските прашања не можат и нема да бидат предмет на какви било преговори“, се вели во предизборната програма на СДСМ.

Кандидатот за мандатар на СДСМ Радмила Шеќеринска, денеска изјави
дека за разлика од Владата на Груевски тие нема да ги делат партиите ниту граѓаните, туку ќе ги седнеме на една маса и ќе побараме ова прашање да го решиме, во наша полза.

„Наместо да се караме дали ќе има, или нема да има референдум, ајде да најдеме решение кое што ќе биде во полза на Македонија. Како знак на таа наша, не добра волја, туку отвореност, кажавме дека таквото решение ќе биде добро да биде ставено на референдум“, рече денеска Шеќеринска.

СДСМ претходно ја критикуваше владата за евентуалното решение на спорот да името, да оди на референдум.
XS
SM
MD
LG