Достапни линкови

САД и Пакистан ја реафирмираа соработката во борбата против екстремизам


Марк Гросман

Марк Гросман

Пакистан и Соединетите американски држави денеска ја реафирмираа посветеноста за борба против екстремизмот, еден ден по убиството на Осама Бин Ладен. „Тоа беше крајот за човек кој со насилство им се спротиставуваше на демократските земји во регионот“ изјави специјалниот претставник на САД за Пакистан и Авганистан Марк Гросман, коментирајки го убиството на лидерот на Ал Каеда . „Кој што направил не е важно. Прашањето за Осама бин Ладен е историја“ изјави пакистанскиот секретар за надворешни работи Салман Башир.
XS
SM
MD
LG