Достапни линкови

Нови немири во Сирија, војската интервенира во Баниас


Демонсатрантите бараат повлекување на претседателот Башар ал Асад

Демонсатрантите бараат повлекување на претседателот Башар ал Асад

Активисти сведочат дека сиријските безбедносни сили интервенирале во крајбрежниот град Баниас денеска. Новинската агенција „Ројтрерс“ ја пренесува изјавата на лидерот на демонстрантите Анас ал Шугхри кој тврди дека војниците се наоѓаат во центарот на градот. Армијата ги блокирала северниот и јужниот влез во градот. Црвениот крст бара пристап до населените места во земјата со цел да им помогне на повредените, посебно во градот Дара, каде избија првите антивладини протести на 18 Март. Во меѓувреме, активисти за човекови права тврдат дека денеска имало нови апсења во Сирија. До сега илјадници се зад решетки, тврдат од организациите за човекови права.
XS
SM
MD
LG