Достапни линкови

Момче прободено со нож кај Новата железничка станица во Скопје


илустрација

илустрација

Едно момче е прободено со нож во инцидент што се случи денеска кај Новата железничка станица во Скопје. Како што информираа од МВР, до инцидентот дошло околу 14 часот по меѓусебна расправија меѓу момчето (1993) и И.А (1991) од село Шишево. Напаѓачот е приведен и случајот е расчистен. Директорката на Градската болница Јасмина Чабуковска потврди дека повреденото момче со убодна рана во пределот на градниот кош било донесено попладнево во болницата. „Направени се ренгетнски клинички иследувања. Тој се наоѓа во стабилна општа состојба и нема други повреди“ рече Чабуковска
XS
SM
MD
LG